Џет-Сет
12. March 2018 - 21:01

Денеска се разведуваат: А пред 10 години се зборуваше за нивната свадба и оваа венчаница со длабоко деколте

Емина Јаховиќ (36) и Мустафа Сандал (48) решија да му стават крај на бракот, а вака изгледаше нивната свадба од соништата одржана пред точно една деценија.

Емина и Мустафа се венчаа на 13 јануари 2008 година во Истанбул, а Мустафа пред тоа убавата пејачка ја вери во Сент Мориц.

Јаховиќ на венчавката блесна во бела венчаница со длабоко деколте, а на главата носеше дискретен вел.

Веќе во август истата година познатата пејачка двојка го доби првиот син Јаман.

Емина во таа прилика откри дека таа и Мустафа случајно се запознала додека летувале во Бодрум. Додека со слушалки во ушите се излежувала на лежалка на една бодрумска плажа и пришол Мустафа.

„Пред мене стоеше необично момче, без мускули, со ланци околу вратот и арогантен став. Немав поим дека пред мене е една од наголемите турски музички ѕвезди Мусатафа Сандал“, се присети пејачката за запознавањето со сопругот со кој помина 10 години во складен брак, пред да одлучат да се разведат.