Loading Video...
Кошарка
13. January 2020 - 15:58

Денвер подобар од „Клиперси“ во дербито на вечерта: Шампионот Торонто загуби од Сан Антонио

Денвер беше подобар од „Клиперси“ во дербито на вечерта во НБА лигата, додека  шампионот Торонто загуби од Сан Антонио пред своите симпатизери
 
Дербито на вечерта се одигра во Денвер каде „Нагетси“ со 114-104 ги совладаа „Клипрси“. 
 
На гостите од Лос Анџелес не им помогна ниту триото Ленард (30.поени), Вилијамс (26) и Харел (25) кои заедно постигнаа 81 поени, да го избегнат 13-тиот пораз сезонава. 
 
Кај победничкиот тим Никола Јоќиќ одигра уште една брилијантна партија која ја заврши со 20 поени, 15 скокови и 6 асистенции, за вкупно 27-от триумф на „Нагетси“ со кои се на второто место во Западната конференција зад ЛА Лејкрс. 
 
Шампионот Торонто иако во третата четвртина во неколку наврати имаа и 17 поени предност, сепак во последната  „Спарси“ направија серија од 17-0, која на крајот се покажа како клучна, па по неуспешниот обидот на Сиакам со звукот на  сирената, им донесе триумф на гостите со 105-104. 
 
Деар де Розен со 24 и Руди Геј со 15 поени беа најзаслужни за оваа победа на „Спари“, додека на Торнотно не му помогнаа ниту дабл-дабл учиноците на Сеџ Ибака со 21 поени и 14 скокови, односно Калј Лаури кој покрај 16-те поени имаше и 14 асистенции.