Loading Video...
Кошарка
12. September 2020 - 15:14

Дербито, Работнички – МЗТ Скопје Аеродром на стартот на шампионатот закажан за 3 октомври

Со големото дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром ќе биде отворена сезоната во кошаркарскиот шампионат на Македонија. Ова е исходот во поддржаната ждрепка за натпреварувачките броеви за новата сезона, која во мак-баскетот ќе треба да започне на 3 октомври. 
 
На средбата меѓу претставниците на екипите кои ќе играат во Првата лига, а која годинава ќе брои 12 екипи, раководството на федерацијата прифати да ги покрие трошоците за Ковид тестирањата, но не и да ја укине котизацијата која е во висина од 7.000 евра по тим. 
 
Од КФСМ информираа дека тоа би го сториле само доколку Агенцијата за млади и спорт обезбеди дополнителни наменски средства за таа цел. 
 
Клубовите (дури 10 од 11-те присутни) се сложија дека треба да има промена во системот, односно наместо четири, Првата лига на крајот на сезоната да ја напуштат само два тима, па таквиот предлог е упатен до УО на Федерацијата која треба да се произнесе за барањето на прволигашите.