Балкан
3. јуни 2023 - 16:06

Десет деца се повредени во судир на автобус и автомобил во Шабац

Најмалку 10 деца се полесно повредени во српскиот град Шабац при судир на автомобил и автобус кој превезувал деца од Нови Сад на екскурзија. 

Десет деца со полесни повреди побарале лекарска помош додека со потешки повреди е водичот на екскурзијата.

Според српски медиуми, приведен е возачот на автомобилот кој непрописно преминувал сообраќајна лента кога на него налетал автопбусот во кој биле децата.