Loading Video...
Бизнис
15. October 2020 - 21:20

Десет странски компании можеа, но не инвестираа во Македонија

10 странски фирми можеа да бидат дел од македонската економија. Четири ја заобиколија земјава, а 6 иако имаат интерес да работат тука, не ја почнале инвестицијата. Две американско-глобални компании Адиент и Аптив иако имаат веќе фабрики во земјава одлучија да го шират бизнисот во Србија. Корејската Јура дојде на Балканот, но отвори фабрика во Албанија и во Србија, и германската Зет еф инвестицијата во регионот ја реализираше исто така во Србија.

Зошто странските инвеститори ја заобиколуваат земјава и одат кај соседите? Од ТИРЗ велат дека иако земјава има најдобри услови за отворање на бизнис, Србија им одговара поради добрата географска положба, а Албанија поради излезот на море.

Од оние пак кои пројавија интерес да почнат со бизнис во Македонија, дел воопшто не почнаа со инвестицијата дел се на самиот старт. Со две странски компании договорите ќе бидат раскинати, албанската Саген и германската Кеслер.

Виси реализацијата и на уште 4 фирми. Две се од Турција, една е од Обединетите Арапски Емирати. Компанијата добила дозвола, но се уште не почнала со инвестирањето и една фирма од Сад која исто така има дозвола, но поради проблеми во матичната земја се уште не ја почнала реализацијата.

И во новите решенија договорите за државна помош со странските компании останаа тајни.

Од ТИРЗ велат дека одлуката за тоа ја носат самите инвеститори. Најголем дел од нив сакаат помошта да биде деловна тајна.