Македонија
25. September 2018 - 9:37

Десетина интервенции на кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден

Силниот ветер што вчера го зафати Кумановско предизивка повеќе пожари предизивикани од спој на електрични жици во поширокиот кумановски регион, информираа од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Во 14 часот, горел објект во селото Младо Нагоричане, друга екипа од кумановски пожарникари, пак, гасела пожар во село Жегљане каде изгорел помошен објект, трактор и свиња. Во попладневните часови екипите на противпожарната единица гаселе пожари на три одделни локации во кумановските населби и села каде горела сува трева и стрниште, нискостеблести растенија во населбите „Ајдушка Чешма“, „Карпош“, во село Коинце и во „Јане Сандански“. Пожарникарите интервенирале повторно во Младо Нагоричане, каде заедно со колегите од општина Старо Нагоричане успеале да го изгасат пожарот кој веќе влегол во дворовите на викендиците. Горела сува трева и кај наплатаната рампа Романовце на автопатот Куманово-Скопје.

Силниот ветер откорна и три дрвја во центарот на градот, во градинката во населбата „Гоце Делчев“ и во училиштето „11 Октовмри“. Нема повредени лица и предизвикана значајна материјална штета.

Екипите на „Чистота и зеленило“ ги отстраниле дрвјата, како и гранките од улиците во Куманово.