Loading Video...
Фудбал
9. February 2019 - 17:59

Десетта победа на Манчестер Јунајтед под водство на Солскјер

Екипата на Манчестер Јунајтед продолжува со успешните игри откако  Оле Гунер Солјскер го презеде менаџерското место од Жое Мурињо. 
 
„Црвените ѓаволи“’ забележаа победа нагости кај Фулам со 3-0 во првиот меч од 26. коло на Премиер лигата.
 
До десетата победа во единаесетте меча под раководство на Солскјер, тимот на Манчестер Јунајтед стигна со  двата гола на Пол Погба во 14-тата и 65-тата минута од пенал, откако во меѓувреме (23-минута) и Антони Марсијал се запиша во листата на стрелци. 
 
Јунајтед со Солскјер не знае за пораз, па покрај 10-те победи Норвежанецот, има и само еден нерешен резултат. 
 
Со оваа победа, Јунајтед се искачи на четвртата  позиција на табелата со еден бод повеќе од Челзи, кој утре го игра големото дерби против Манчестер Сити.