Македонија
31. January 2019 - 16:43

Дескоска: Одговорност ќе има за сите што сториле кривични дела во прислушуваните разговори

Амнестија нема да има за никој опфатен во прислушуваните телефонски разговори. По вчерашната одлука на Врховен, министерката за правда е децидна, сите што го прекршиле законот ќе одговараат без разлика кое обвиниетлство ќе ги превземе бомбите.

Дали СЈО ќе ја загуби ингеренцијата над телефонските разговори ќе се знае со новото законско решение за јавни обвинителства, кое го договараат работните групи во Собранието.

Првиот човек на јавното обвинителство за организран криминал Рускоска вели дека тие не може да ги превземат материјалите од СЈО, ско не им бидат предадени. За Рускоска не е спорно дека бомбите смеат да се користат како докази во судските постапки.

Вчерашното правно мислење на Врховен дека СЈО нема мандат да покренува истраги и обвиненија по завршување на рокот од 18 месеци, беше причина и за денешната средба на Катица Јанева и државниот јавен обвинител Јовески. И двајцата се согласиле дека СЈО и натаму ќе постапува по предметите според позитивните законски прописи.