Бизнис
14. September 2021 - 16:39

Деспотовски: Инвеститорите може добро да заработуваат и кога добро ќе ги платат работниците

Македонија веќе нема да се промовира како земја на евтина работа сила. А инвеститори и натаму ќе има. Директорот на зоните, Деспотовски е убеден дека земјава не е интересна за инвеститорите само заради ниските плати што би ги давале тука, и според него, ако во преговорите се пристапи отворено, резултати ќе има.

На компаниите во зоните заклучно со август има оди одлично. Економската активност е зголемена за 51%, извозот надмина 2 милијарди што е подобро од пред кризата. Деспотовски очекува дека извозот годинава ќе надмине 3 милијарди иако има проблем со автомобилскиот сектор заради гобалниот недостиг на чипови кој може негативно да се одрази и на фабриките во зоните.

Наскоро ќе бидат обелоденети три нови инветсиции во Скопје, Штип и Кичево. А владата има договорено или е во финални преговори за нови инвестиции од околу 160 милиони евра и 2500 нови работни места.