Македонија
23. September 2018 - 10:44

Детали за пожарот во Станица 26, едно лице полесно повредено

Вчера во 15.00 часот во Скопје на ул.„Јордан Мијалков“ во угостителски објект “Клуб станица 26“, настанал пожар, при што изгорена е внатрешноста на објектот и делумно е оштетен покривот. И. Е., кој бил ангажиран да изврши ситни поправки на покривот, се здобил со мали изгореници и отишол во Ургентен центар-Скопје, каде му се констатирани телесни повреди, по што е пуштен на домашно лекување.

Пожарот целосно е изгаснат од екипа од БППЗ во 15.50 часот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.