Македонија
23. October 2015 - 13:06

Детали за прегазеното девојче кај Католичка

Девојчето што вчера беше прегазено на на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“ кај Католичката црква е примена во Ургентниот центар со скршеница на потколеницата, како и мали повреди на пршлени на ‘рбетниот стол.
 
-Пациентката е во стабилна состојба. Свесна е и комуникативна, веќе е примена на Клиниката на трауматологија“, пишуваат порталите.
 
Девојчето вчера во  19 часот и 10 минути го преминувало коловозот на место каде нема обележан пешачки премин, кога наишол автомобил „фиат уно“ со скопски регистерски таблички и удрил во него, потврдија од МВР.