Живот
8. јуни 2016 - 13:29

Дете го праша Муахамед Али што ќе прави после боксот, неговиот го воодушеви светот!

Веројатно најдобриот боксер на сите времиња Мухамед Али почина на 64 години. Минатата среда беше примен во болница во Феникс поради респираторни проблеми, од Перкинсовата болест.

Едно од сигурно најубавите сеќавања на Али е одговорот на прашањето од детето од публика „Што ќе прави кога ќе прекине да боксува?“

Мухамед Али на детето во една емисија му даде одговор со кој ја воодушеви јавноста, а во со која ја објасни својата филозофија за животот.

-Кога ќе се повлечам од боксот? Навистина незнам... Но сакам овде да кажам нешто што ќе ги натера луѓето да размислат. Животот не трае долго, а кога малку ќе размислите, ако имате 30 години, осум сте преспале. Колку време сте патувале во 30 години? Од дома до работа, во училиште, во други градови, држави, цркви... Тоа се уште две години. Значи осум години спиење и две години патување. Колку време сте поминале во училиште. Во Америка 12 години по шест часа на ден? Соберете, сте седеле во училишната клупа три години! Колку време сте гледале филмови, колку сте конзумирале разни видови на забави... натпревари, кина... тоа е уште две години забава. Значи осум години спиење, две години патување, три години училиште и две години забава...“ го започна Али одговорот кој траеше повеќе од 10 минути, а завршил со зборовите:

- Што ќе бидам кога ќе престанам да боксувам? Тие шеесет години ќе ги искоритам да бидам корисен и ќе се спремам за да се сретнам со Бог на некое подобро место. Има ли тоа смисла?, возвратил Али на прашањето на детето и добил громогласен аплауз и воодушевување од публиката.

Погледнете како тоа изгледало: