Македонија
6. September 2017 - 9:34

Дете прегазено во Куманово, со тешки повреди пренесено во Клинички центар

Десет годишно дете е прегазено од автомобил вчера вечерта околу 20 часот на улицата „Доне Божинов“ во Куманово.

Автомобил „Опел“ управуван од 30 годишниот кумановец Т.О. удрил во детето кое се здобило со тешки повреди.

По укажаната лекарска помош во кумановската болница, детето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

Екипи на полицијата извршиле увид на местото на несреќата.