Детектор анкета: Граѓаните песимисти – Очекуваат и оваа година цените да продолжат да растат
Граѓаните со песимизам гледаат на македонската економија во 2023 година. Мнозинството очекува уште повисоки трошоци и криза која што ќе продолжи и во наредните години, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
56,8% сметаат дека инфлацијата и трошоците за живот оваа година ќе пораснат, додека четвртина се на ставот дека ќе бидат приближно исти како и сегашните. Само 9,5% очекуваат намалување.
Најголемиот дел од граѓаните очекуваат економската криза да трае повеќе години. Ваков став делат 31,8% од анкетираните. Крај на кризата со крајот на оваа година очекуваат 23,8% од анкетираните додека 17,7% сметаат дека економската криза ќе заврши за две години.
Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер