Македонија
10. November 2019 - 19:42

Детектор: Две третини од граѓани не можат да си ги покријат месечните трошоци со платата

Речиси две третини од граѓаните не можат да ги покријат месечните трошоци со своите примања, покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

На прашањето  дали живеат подобро сега, или пред 5 години, 33,5% од граѓаните велат дека порано живееле подобро,  32,3% не гледаат никаква разлика, а 23,7% од анкетираните велат дека сега живеат подобро отколку пред 5 години.

Анкетата на Детектор покажува дека речиси 40 отсто од граѓаните половина од својот месечен буџет го  трошат нисклучиво на  храна.

Според мнозинството граѓани, за да се задоволат месечните потреби на едно четиричлено семејство потребни се меѓу 30 и 35.000 денари. Ваков став имаат 38,5% од анкетираните, а само 5,2% од анкетираните сметаат дека четиричлено семејство месечните потреби може да си ги задоволи потреботе со помалку од 20.000 денари.

Ако треба да се прави приоритетна листа за зголемување на платите во јавниот сектор, најголем дел од граѓаните сметаат дека тоа треба да се случи прво во здравството , за  19,4%  приоритет треба да бидат вработените во образованието, а за  6,8% оние од  јавната администрација.

Помал процент од анкетираните сметаат дека полицијата, војската и вработените во правосудниот систем треба да бидат на приоритетна листа за зголемување на нивните плати.

Речиси 60 отсто од граѓаните се согласуваат дека примањата не пензиоенрите треба да се зголемат , а  25,6% се против.