Детектор: Граѓаните очекуваат релаксација на рестриктивните мерки
Граѓаните очекуваат релаксација на рестриктивните мерки, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Во однос на очекувањата на граѓаните за рестриктивните мерки, 59,3% од нив сметаат дека следниот месец, мерките ќе бидат помалку рестриктивни, 23,2% не очекуваат некоја промена додека 7,4% очекуваат мерките да станат уште порестриктивни.
Во однос на економската состојба, 30,7% од граѓаните очекуваат таа во наредниот месец да се подобри, додека 30,5% очекуваат влошување. 27,5% од граѓаните сметаат дека таа ќе остане иста како и досега.
Истражувањето на јавното мислење е спроведено телефонски во периодот од 13 до 14 мај годинава, врз репрезентативен примерок од 1108 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Ново на Сител
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин
-
Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето
-
Ѓоковиќ се враќа во Мајами по пауза од шест години
-
МНР отповика 9 амбасадори назначени од Пендаровски
-
Вкупно 3.035 заболени од грип, раст од 11,3 отсто во споредба со претходната недела
-
Во тешката сообраќајка кај Прилеп загина 75-годишник
-
На Шар Планина спасен чешки повреден планинар