Детектор: Над 80% од граѓаните задоволни од работата на Филипче
Над 80% од граѓаните се задоволни од работата на Министерот за здравство Венко Филипче во однос на кризата со корона вирусот. Вакви податоци дава најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 82% од анкетираните велат дека се задоволни од работата на Филипче, додека само 11% велат дека не се задоволни.
79,2% од анкетираните велат дека се задоволни од работата на надлежните во целост кога станува збор за борбата со епидемијата на Корона вирусот. 14% од граѓаните пак велат дека не се задоволни од тоа како работат надлежните.
Во однос на земјите од регионот, граѓаните сметаат дека земјава на ист начин се справува со кризата. Ваков став имаат 43% проценти. 28,4% од анкетираните се на ставот дека Македонија има подобар пристап од соседните земји додека 11,2% сметаат дека тој е полош.
Истражувањето на јавното мислење за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март оваа година.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти