Девет лица уапсени под обвинение за убиство и злоупотреба на моќта по земјотресот во Албанија
Под обвинение за убиство и злоупотреба на моќта по земјотресот од минатиот месец во Албанија, во кој загинаа 51 лице, уапсени се деветмина .
Како што објави полицијата, двајца од нив биле сопственици на нелегално изградени хотели што се урнаа во Драч, една од најтешко погодените области. Нелегалното градење е еден од најголемите проблеми во земјата од падот на комунизмот во 1990 година, кога голем број жители се преселија во градови, по што почна масовно да се гради со слаба контрола од власта.
Над 14.000 луѓе останаа без дом по земјотресот од 26 ноември, најтежок во Албанија во последните неколку децении.
Обвинителите издадоа вкупно 17 налози за апсење на инвеститори, градежни инженери и официјални лица поради прекршување на безбедносни стандарди при градење. Осуммина се недостапни за полицијата и се верува дека некои од нив избегале од земјата по земјотресот.
Епицентар на земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтерова скала бил 34 километри северозападно од Тирана и најмногу мртви имаше во Драч и Тумане. За да помогне во обновата, Европската комисија ќе одржи донаторска конференција во Тирана следниот месец.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово