Девојка спасена од под урнатините 248 часа по земјотресот во Кахраманмараш
Спасувачките екипи ја спасија 17-годишната Алејна Олмез во турската област Кахраманмараш од под урнатините на зграда, 248 часа по разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Турција, јави агенцијата Анадолија.
На единаесеттиот ден од земјотресите, продолжуваат операциите за пребарување и спасување во овие подрачја.
Спасувачките тимови ја лоцираа девојката која била затрупана под урнатините на зграда во подрачјето на Дукадироглу. По нејзиното лоцирање, спасувачите успеаја жива да ја извлечат 17-годишната Олмез која потоа е пренесена во болница.
Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, на 6 февруари наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Турција. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
Ново на Сител
-

МОН воведува нови стипендии - за втор и трет циклус на студии по македонски јазик
-

Субвенции за енергетска ефикасност: Граѓаните сè повеќе инвестираат во инвертер клими, а интересот за гас значително опаѓа
-

Велешанец пронајден мртов во помошна просторија од домот
-

Трамп: Негативна одлука на Врховниот суд во однос на царините би било закана за националната безбедност
-

Кавадарчанец со „мерцедес“ возел 96 километри на час на место каде ограничено е на четириесет
-

Ѓорѓиевски-Ле Риголер: Претставена визијата за долгорочен развој на Скопје, заснована на одржливи политики, европски стандарди
-

Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори
-

ВМРО ДПМНЕ и денеска негира дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Велика Британија
