Дезинфекција во селата и приградските населби во Куманово
Вчера по втор пат, беа поставени средства за дезинфекција на повеќе јавно прометни повшини на плоштадите, кејот, кај базенот. Досега извршена е дезинфекција и на двата плоштади, Занаетчиски дом, на улици низ градот,во училишта, урбана опрема, автобуски постојки, детски катчиња, тениски игралишта, катна гаража и други јавни површини, како заштитна мерка против состојбата со корона вирусот во Куманово.
– Почитувани сограѓани, да останеме дома, да ги почитуваме препораките на Владата и на општина Куманово. Нашата дисциплина и разумност се најбитни во овие моменти, да останеме дома, бидејќи од тоа зависи нашето здравје и здравјето на заедницата-повикаа од општината.
Претходно дезинфекција е извршена на двата зелени пазари, на осумтте објекти на градинките и на 22-те училишта. По петти пат заседавше и општинскиот кризен штаб кој препорача редуциран линиски превоз за вршителите во јавниот превоз, носење заштитина опрема за таксистите и апелираше до граѓаните да не се собираат во група од пет пред маркети и аптеки.
Општината пред една недела воведе и општинска асистенција за немоќни и болни лица во која учествуваат екипи на Црвен Крст, а учество најавија и од здружението „Кумановски акцијаши“.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска