Loading Video...
Ракомет
18. May 2020 - 16:14

Дибиров останува „верен“ на Вардар

Иако ЕХФ им ја одзема можноста да ја бранат европската шампионска титула, од РК Вардар сепак ни доаќаат и убави информации. 
 
Откако клубот го напуштија повеќемина ракометари, а по нив и досегашниот финансиер Сергеј Самсоненко, сепак се чини дека старо-новиот прв човек на предавајќи на „црвено-црните“ Михајло Михајловски, не само што ќе успее да го стабилизира клубот, туку и да создаде тим за нови предизвици, првенствено зачувувајќи го костурот на  тимот. 
 
Откако вчера беше објавено дека уште двајца ракометари ја продолжија соработката со Вардар и тоа капитенот Стојанче Стоилов и Германецот Дисингер, денеска доаѓа и информацијата дека во тимот останува и Тимур Дибиров. 
 
Искусното руско репрезентативно крило, потврди дека останува во Вардар иако во меѓувреме имало разговори и со Мешков Брест. 
 
„Со раководството на Мешков Брест сум во добри односи и честопати сум во контакт со нив, но сегашната ситуација во клубот е дека не му треба лево крило, а во исто време и јас сум под договор со Вардар “, изјавил Дибиров. 
 
Тој не го криеше задоволството, дека и во наредната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес. 
 
„Продолжувам во Вардар. Го сакам овој клуб, го сакам овој град, и среќен сум што ќе играм овде и во иднина“, истакнува Дибиров, кој во Вардар дојде во 2013 година, по што набргу стана и миленика на вардаровата публика, со која имаше можност во два наврати да ја сподели радоста по освојувањето на Лигата на шампионите.