Loading Video...
Ракомет
11. October 2019 - 14:22

Дибиров: Сега се правам фраер, сега да го видам Кил

Европски првак Вардар со голема самодоверба го пречекува германски Кил во дербито од 4.коло во Лигата на шампионите. 
 
Тоа ќе биде шанса за вардарци да ги се реваншираат на Кил за поразот на почетокот на сезоната. Поразот во полуфиналето на Супер Глоуб“ турнирот е веќе минато, а во таборот на црвено-црните се уверени дека сликата сега е сосема поинаква. 
 
Формата. домашниот терен и поддршката од трибините, се дополнителен мотив за ракометарите на европскиот шампион, па затоа еден од најискусните Русинот, Дибиров ќе рече
 „Сега се правам како фраер. Сега сакам да видам колку е силен Кил. Да додеш на го победиш Вардар во Скопје. Ајде да видиме. Да, имаме право, по две титули во три сезони да се правиме фраери“. 
 
Свежи се сеќавањата на 2018-тата кога вардарци токму преку Кил го визираа својот втор настап на завршниот „Фајнал 4’ турнир. 
 
Во утрешниот меч двата тима влегуваа како непоразени, со тоа што Вардар има максимални три победи, додека Германците покрај двата триумфи одиграа и нерешено со Килце. 
 
Натпреварот меѓу Вардар и Кил кој ќе се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“ ќе започне од 17:30 часот.