Македонија
2. October 2018 - 22:15

ДИК бара одговорност за избирачкиот одбор за едно гласачко место

ДИК го поништи гласањето во избирачкото место 1008 во населбата Карпош во Куманово, и поднесе барање за поведување на постапка до ЈО, откако претходно по службена должност одлучи да се изврши увид во гласачкиот материјал. Во изводите од гласачкиот список и записникот за сумирање на резултатите, ДИК утврди дека е сторена злоупотреба.

Поради тоа што бројот на гласачи запишани на ова избирачко место неможе да влијае на конечниот резултат, од ДИК соопштија дека истото нема да се повтори.

Од 6те приговори пак, поднесени на постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на референдумот ДИК прифти само еден. Усвоен беше приговорот на Цена Николовска од Прилеп, која пријавила дека некој гласал наместо неа. Од ДИК соопштија дека ќе се поведе постапка за утврдување на одговорност од челновите на ИО.