ДИК: На референдумот до 15 часот излегле 334.075 гласачи
Излезеноста на денешниот референдум до 15 часот изнесува 22,56 отсто или на гласање излегле вкупно 334.075 гласачи запишани во Избирачкиот список, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.
- Денот се одвива во истата атмосфера како и досега. Во оваа прилика сакам да изразам благодарност до поголемиот број на граѓани за демократската атмосфера која владее во текот на целиот референдумски ден. Исто така, сакам да ги искритикувам сите оние кои се обидоа со неколку инциденти да ја нарушат таквата слика. Минорни се како бројка, рече Деркоски.
Овие инциденти, како што посочи, со брза интервенција од страна на сите органи во овој процес се надминати.
ДИК во писмена форма попладнево повторно се обратила до сите избирачки органи, ОИК и избирачките одбори со насока како да продолжат со процесот до крајот на денот се со цел, како што рече Деркоски, да се намалат можностите за повреда на избирачкото право или процедурата. Причина за ова, според него, е единствено превенирање на несакани настани, но, како што вели, тоа е нашата работа.
Членовите на ДИК во текот на денот разгледале 26 приговори од граѓани кои не го оствариле правото на глас бидејќи ги немало во Избирачкиот список. За 99 отсто од овие приговори Комисијата донела решение за нивно одбивање. Се работи за граѓани со истечена важност на личните документи или, пак, за малолетни лица кои се стекнале со полнолетство во периодот од распишување на референдумот до завршување на јавниот увид.
Меѓу општините со најголема излезеност до 15 часот на референдумот се Сарај – 36,57 отсто, скопски Карпош 32,05, Крушево 28,87 отсто, Гевгелија 27,19 отсто, Дојран 27,66, Арачиново 26,77, Аеродром 24,99 отсто, Берово 24 отсто, Богданци 24,09, Бутел 24,45, Долнени 24,43, Кочани 23,82, Македонски Брод 23,39, Охрид 25,30, Прилеп 25,25, Струмица 24,11, Тетово 26,18, Чаир 27,45 ...
Општини со помала излезност се Ново Село 9,97 отсто, Илинден 10,49 отсто, Босилово 11,44 отсто, Зрновци 11,45 отсто.
ДИК и натаму е во постојано заседание.
Следната прес-конференцијата на ДИК на која што ќе биде соопштена излезноста до 17 часот се очекува околу 17 часот и 30 минути.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела