Македонија
18. October 2021 - 16:00

ДИК: По 100% преброени гласови Стевчо Јакимовски оди во втор круг во Карпош

Кандидатот за градоначалник на Карпош од редовите на ГРОМ Стевче Јакимовски влезе во вториот круг по пребројаните 100% од гласовите на ДИК. Имено тој освои 6.830 гласови, додека второ пласираниот Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ има 6.551 глас. Прво пласиран е Душко Весковски од СДСМ со освоени 9.296 гласа.

Во однос на советничките мандати освоени во Карпош СДСМ има освоено 8 , ВМРО-ДПМНЕ 7, ГРОМ 2, Левица 4, Невена Георгиевска 2.