Македонија
22. February 2020 - 16:56

ДИК се надева дека партиите ќе нудат проекти за доброто на граѓаните

Државната изборна комисија го отфрли барањео на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за поништувањето за назначување на нов началник на СВР Тетово. Од ДИК велат дека тоа е во надлежност на Антикорупциска.

Според ДИК, се работи за правен однос меѓу Владата и техничкиот министер за што ДИК нема законски областувања.

-Сите досегашни барања кои што беа доставени и од министерот за внатрешни работи и од министерот за труд и социјална политика и од дополните заменици министри се однесуваат за прашања кои се строго наведени во Законот за Влада. Односите помеѓу нив се прецизно предвидени во Законот и во членовите и аплеирам уште еднаш да ги почитуваат членовите од Законот за Влада и да не поднесуваат вакви барања, кои за мене се беспредметни, рече членот Јанаќи Витановски.

Во однос на најавите дека не очекува најцрната кампња во историјата на Македонија, од ДИК велат дека ќе направат се што е во нивна можност за да преовладува позитивна атмосфера. Посочуваат дека секој ќе си понесе одговорност за своето однесување во изборниот процес.

-Она што е дел на наша законска надлежност, строго, навремено, доследно, професионално и одговорно ќе го применуваме согласно законот за да дадеме придонес за општата слика на изборите и на целиот изборен процес. Затоа што ние како ДИК не сме надлежни за целокупното однесување на сите учесници во изборниот процес. Дел имаат надлежност други институции, дел техничката Влада, дел други институции што се регулаторни тела или што ги контролираат или ги санкционираат овие однесувања, вели Борис Кондарко.

Членовите на ДИК ги повикаа политичните партии своите програми да ги насочат кон проекти кои се во интерес на граѓаните кај гласачите да има позитивна атмосфера.

Во меѓувреме, на полноќ истече рокот за доставување ценовници за платено политичко рекламирање на медиумите за претстојните предвремени парламентарни избори.