Македонија
9. January 2020 - 11:59

Димитриеска Кочоска: Разочарана сум од опструкциите во министерството

Техничката заменик министерка за финансии. Гордана Димитриеска Кочоска е загрижена и разочарана од опструкциите со кои што се соочува во Министерството за финансии. Таа се пожали дека на вработените во ова министерство им било забрането директно да одговараат на нејзините мејлови и барања за увид во документацијата. Секој одговор наменет за неа требало претходно да биде одобрен од кабинетот на министерката Нина Ангеловска. 

Заменик министерката смета дека веројатно има причина зошто нешто се крие. Ја обвинува власта за нетранспарентност и нереално буџетско планирање, поради што државата е приморана дополнително да се задолжува. Поточно, лани во буцетот биле прибрани за речиси 25% помалку пари од даноци во однос на планираното. Тој податок, според заменик министерката е индикатор дека економијата стагнира а бизнис амбиентот е неповолен. 

 

Мирјана Јовеска