Македонија
3. July 2022 - 20:01

Димитриевски: Сакам да го видам мажот кој ќе го прифати ваквиот предлог

Сакам да го видам мажот кој ќе го прифати ваквиот предлог и којшто всушност уште од самиот почеток ја губи борбата. Ќе ги има на една страна граѓаните, а на другата страна малата политичка елита. Барем до овој момент не видов ниту еден член од Владата којшто отворено се спротистави на ваквиот предлог - ова го истакна актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во Тема на денот на Сител ТВ.

- Сите молчат. Верувам дека во следниот период  ќе излезе некој да се одважи, да каже спротивен став од премиерот по однос на ваквиот предлог, а од друга страна ни останува судбината да ја решат малите политички субјекти кои се владини коалициони партнери тие се на потег - еве ги повикувам нека излезат јавно и нека се признесат јасно и гласно дали сакаат со останување во владата да дадат поддршка на еден ваков предлог којшто де факто е веќе поминат, кажа Димитриевски.