-->
-->
Димитров: ФФМ го руши фудбалот и ги брка спонзорите!
-->
Градоначалникот на Виница Илија Димитров преку социјалните мрежи жестоко реагираше на одлуката на УО за проширување на Првата МФЛ и играње бараж н.а третолигашите за пополнување на Втората МФЛ:Ќе го искажам моето лично незадоволство за одлуката што денес е донесена од УО на ФФМ.
Очигледо е дека ФФМ има двоен аршин кон клубовите од Третата Фудбалска Лига наспроти останатите две т.е. Првата и Втората Македонска Фудбалска Лига. Морам да го истакнам фактот што на одредени клубови во првата и втората фудбалска лига им се прогледува низ прсти се со цел да останат во своите натпреварувања на сметка на третолигашите. Како е можно двете прво пласирани екипи од вторите фудбалски лиги без доигрувања директно да влезат во
Првата МФЛ а првопласираните од Третата МФЛ да играа бараж. Срамно и жално е ФФМ да се претставува дека се бори вистинските љубители на фудбалот да се вратат на трибините а работи токму на спротивното. Само да ве информирам дека и клубовите од третите фудбалски лиги имаат потрошено доста финансиски сретста а притоа и на нивните натпревари имало публика повеќе од 1500 љубители на фудбалот што е многу повеќе од многу праволигаши.
ФК Слога 1934 есенскиот дел го заврши без примен гол со скор од 36:0 (голови) и притоа сите 10 натпревари кои ги играше ги победи во Третата МФЛ - Југ и сега токму поради оваа срамна одлука на УО со играње бараж да зависи од еден натпревар целата сезона.
Токму поради ваквите одлуки спонзорите и вистинските љубители на фудбалот креваа раце.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација