Македонија
7. February 2018 - 16:35

Димитров и Коѕијас следната недела на средба со Нимиц - премиерот Заев најави интензивирање на разговорите

Нов состанок на министерско ниво Димитров – Коѕијас во посредништво на  Медијаторот Нимиц се најавува веќе за наредната недела, потврди денеска премиерот Зоран Заев. Сепак, вели Заев, ќе бидат искористени и сите можности за билатерлани средби помеѓу премиери или шефови на дипломатијата во преговорите за името, иако покровител останува и понатмау Обединетите нации. Засега нема најава за нова средба на Заев со Ципрас по онаа во Давос.

„ Ќе има повеќе средби во февруари...Се надевам дека уште идната недела под раководство на Метју Нимиц ќе се одржи состанок помеѓу двајцата министри како ново ниво на преговарачкиот процес што е договорено, што е подгинување на преговорите на повисоко ниво“

Тој не сакаше да открие која географска одредница е прифатлива за  Владата откако вчера потврди дека е подготвен на таков чекор, но рече дека верува дека во Македонија можен е консензус за да се изјаде решението.

„Знаеме што е возможно, што е дозволиво и до каде треба да одиме. Ќе направиме се  за да најдеме решение за овој грлив проблем, но не по секоја цена“.

Заев потврди дека промената на Уставот е дел од барањата на грчката страна, но не прецизираше дали Макеоднија е подготвена да  направи ткаов чекор иако спомена дека Македонија веќе еднаш направила ваква отспака во 1993 година.

Синоќа и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во гостување на грчката телевизија Скај во емисија посветена на спорот за името,  потврди дека Владата е подготвена за реименување на државата.

„Фактот дека преговараме некаков вид сложено име со некаков вид на придавки или додавки, покажува дека постојат двоумења, емоции, но и волја да одиме напред,“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во истата емисија, пак, вели дека решение е потребно бидејќи во моментов државата нема име.

„Ние сме земја без име, имаме едно привремено име, ПЈРМ. Во пракса се обидуваме конечно да добиеме нормално име со преговорите што се водат“

Во однос на тоа дали ДУИ ќе поддржи, доколку се потребни и уставни промени,  Ахмети вели дека тие се подготвени да го поддржат процесот до конечно решение.

Грчкото МНР денеска ја поздрави одлуката на Владата за преименување на аеродромот и автопатот како гест за затоплување на односите меѓу двете држави.

„ Денешната одлука е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји. Тоа е важен развој во насока на справување со иредентизмот и се надеваме дека ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи“.

Грчкиот заменик министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, во интервју за грчкото државно радио пак, коментира дека изјавата на Заев дека  постои подготвеност за име со географска одредница е многу важен чекор кон компримис.

„ Се уште сме далеку од тоа да кажеме дека ќе постои договор. Но, постојат позитивни точки што не прават да бидеме воздржано оптимисти дека би можеле да стигнеме до конечно решение што ќе биде заемно корисно“ вели Катругалос, а пренесува МИА.