Македонија
13. February 2020 - 16:46

Димитров и Османи бараат Законот за ЈО да не биде пречка за добивање на датум за преговори

Османи и Димитров во засилена дипломатска активност пред самитот на Европскиот совет, од Париз апелираат на побрзо носење на Законот за јавно обвинителство. По средбата со француската министерка за Европа Амели де Моншален, министерот Димитров порача дека со завршувањето и на оваа домашна задача, Македонија ќе биде поподготвена за следниот состанок на европските лидери во март.

Вицепремиерот Османи вели дека само со заокружување на реформите земјава ќе ги отвори вратите на унијата. Токму новиот начин на преговарање ќе докаже дека Македонија е подготвена да спроведе се што е потребно.

Пораките се јасни: новата методологија претставува добра основа за земјите кои се искрено подготвени за реформски напредок, што е добра вест за граѓаните кои очекуваат резултати, а поголем предизвик за политичарите кои ќе мора повидливо, и транспарентно да ги испорачаат; преземаме дополнителна обврска да продолжиме со испораката на резултати како основа за содржаен и квалитетен извештај на Европска комисија во февруари, потврдувајќи ја нашата определба преку заслуги да го оствариме нашиот напредок во европските интеграции“ - истакна Османи.

И минстерката за одбрана во обид да се разубеди Франција да го промени ставот за старт на преговорите со Македонија. На денешната средба со својата француска колешка во седиштето на НАТО порача дека со построги критетиуми и правила пред себе, Македонија може да постигне подобри резултати.