Димитров: Идниот понеделник состанок на Националниот инвестициски комитет
Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров денеска, на состанокот на Управниот комитет на Инвестициската рамка за Западен Балкан, соопшти дека идниот понеделник ќе се одржи состанок на Националниот инвестициски комитет. Комитетот, како што рече, ќе направи ревизија на единствената листа на проекти и ќе утврди кои проекти соодветствуваат со Економскиот и инвестицискиот план.
Димитров ја потенцираше важноста на Инвестициската рамка за Западен Балкан, потсетувајќи дека во Македонија досега се финансирани 23 проекти во вредност од околу 2,1 милијарда евра во грантови и заеми. Тоа, според него, е значителна поддршка на капитални инвестиции.
-Идниот понеделник ќе се одржи состанок на Националниот инвестициски комитет на кој прв пат ќе претседава премиерот и ќе се направи ревизија на единствената листа на проекти, а паралелно ќе се утврди и кои проекти соодветствуваат со Економскиот и инвестицискиот план, истакна вицепремиерот, претставувајќи ги плановите на Владата за спроведување на Економскиот инвестициски план.
Економскиот инвестициски план на состанокот го презентираше еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор