Димитров на работен ручек со колегите од земјите-членки на ЕУ и државите кандидати
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел ќе учествува на работен ручек со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ, во организација на министерот за надворешни работи на Естонија Свен Миксер, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ.
Дискусиите на работниот ручек, како што информираат од МНР, ќе се фокусираат на перспективите на земјите од Западен Балкан на патот на интеграцијата во ЕУ, во пресрет на очекуваниот развој на настани во рамките на Унијата за време на првото полугодие на 2018 година, објавувањето на Стратегијата на претседателот на ЕК Јункер за проширувањето на ЕУ, извештаите на ЕК за напредокот на земјите и Самитот ЕУ – З. Балкан во Софија за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, во мај 2018 година.
За време на престојот во Брисел, Димитров ќе одржи и брифинг за претставниците на Работната група на Советот на ЕУ надлежна за регионот на Западен Балкан и Работната група надлежна за проширувањето и земјите кои се во преговарачки процес за членство во ЕУ.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците