Бизнис
6. August 2020 - 16:57

Димитров за Сител: Трошењето на ЕЛЕМ и Мепсо носат вина за поскапувањето на струјата

Намалување на бројот на вработени и трошење на добивката од претходниот период е решение за струјата да не поскапи. Експертите по енергетика се децидни дека ова зголемување на цената на струјата од 7,4% е неоправдано главно заради тоа што ЕЛЕМ и МЕПСО во изминатиот период си создадоа негативен имиџ во јавноста.

Професор Димитров има забелешки на начинот на кој работат домашните енергетски компании. Согласно Законот, ЕЛЕМ треба да обезбеди најповолна цена на струјата што ја продава на ЕВН, но во моментов тоа не е случај.

Кога ќе се земат предвид сите параметри, македонските граѓани плаќаат скапа струја дополнително оптоварена со ДДВ од 18% кој фирмите си го враќаат, а граѓаните НЕ.

Од 01 август трошиме поскапа струја. Регулаторна потегот го правда со зголемените трошоци на енергетските компании. Оваа цена ќе важи една година.