Димковски: Ситуацијата со откупот на тутунот е катастрофална, цените се ниски, а дел од пунктовите не се отворени
Оваа година катастрофално почна, не се сите пунктови отворени, а просечната цена е многу ниска, меѓу 140 и 170 денари, рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, одговорајќи на новинарско прашање каква е состојбата со откупот на тутунот.
Според Димковски, за утре е закажана средба на производителите и преработувачите со министерот за земјоделство, а до понеделник, согласно информациите од терен, би требало да отворат сите пунктови за откуп.
-Решение мора да се бара. Ова е неочекувано, зошто се тргна со волку ниска цена, иако откупувачите најавуваа залихи и дека реколтата е со полош квалитет. Ситуацијата е необјаснива и мора да се утврди причината зошто откупот почна со толку ниски цени. Поголемите фирми ги имаат отворено пунктовите, но добар дел се уште не. Најават е дека од понеделник треба да бидат отвоени сите, потенцира Димковски по денешната средба со одгледувачи на крави, овци и кози во Штип.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација