Loading Video...
Спорт плус
16. May 2020 - 18:35

Директор на АМС, Дарко Каевски, најави наскор отпочнување на втората мерка за помош на македонскиот спорт

Вкупно 855 македонски спортисти, спортски работници и административни службеници во спортските федерации и клубови, ќе ја добијат ветената помош од државата, која е дел од мерките за справување со кризата предизвикана од пандемијата на Корона вирусот. 
 
Како дел од мерките за помош кои ги донесе владата, на почетокот на минатиот месец, беа опфатени и горе споменатите категории кои за месеците април и мај ќе добијат финансиска помош од државата. 
 
По добиените барања од страна на Националните спортски федерации, стручна комисија во рамки на Агенција за млади и спорт одлучуваше по истите.
 
Во вкупната бројка од 855 лица, погледнато според спортовите, најбројни се оние од фудбалот, по кои следуваат ракометот и тоа првенствено на РК Вардар тим од кој има најголем број на поединци, а потоа следуваат кошарката, одбојката и така натаму.
 
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски вели дека ова е само дел од помошта која спортистите ќе ја добијат од државата во овој тежок период. 
 
Во изјавата за Сител ТВ, Каевски најавува наскоро и отпочнување на втората мерка во која се предвидени клубовите.