Македонија
21. April 2020 - 17:02

Дисциплинска за полицајците кои го приведуваа момчето со миленик без заштита

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека се расчистени сите три инциденти за кои имаше огромни реакции откако се појавија снимки во јавноста. Полицајците кои го приведоа момчето со кучето без заштитна опрема, маски и ракавици, гевгеличаните кои играа оро за време на полициски час и протестите кои се случија во скопската населба Ченто.

Според полицската евиденција, вчера околу 14,30 часот на улицата „Антон Панов“ приведоа момче кое го шетало кучето надвор од времето кое го предвиде Владата за шетање на миленици. Но, на снимката се гледаше дека полицајците го приведоа момчето без заштитна опрема. Против полицајците, како што соопшти МВР, иницирана е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

По реакциите на јавноста дека за играорците од Гевгелија нема казни и за демонстрантите од Ченто, МВР соошти дека денеска осуммина од гевгеличаните кои играа оро за време на полициски час, викнале на разговор, а останатите десет ќе ги повикаат деновиве.

Против сите ќе бидат поднесени соодветени казнени приави.

Освен за овие два инциденти, расчистен е оној што се случи во Ченто на 13 април. Освен трите лица кои првично беа приведени бидејќи местеа лежечки полицаец во време на полициски час, идентификувани се уште 23 лица кои протестираа по апењето на нивните сограѓани. Против сите 23 лица ќе биде поднесена кривична пријава.

-По целосно комплетирање на документацијата, изготвена е кривична пријава против 23 лица за сторено кривично дело предвидено и казниво по член 206 од КЗ и истата е доставена до Основното јавно обвинителство. Покрај ова, а во насока на целосно расчистување на настанот, Министерството за внатрешни работи и понатаму презема соодветни мерки и активности со цел идентификација и на останатите учесници, и по целосно завршување на постапката ќе биде доставен дополнителен поднесок до надлежното ОЈО, соопштуваат од МВР.