Македонија
14. November 2021 - 15:30

До 15 часот излезноста во Дебар е 28,97 отсто

Денеска во Дебар се одржува вториот круг на изборите за градоначалник на општината.

На 27 избирачки места право на глас имаат вкупно 19211 гласачи.

Од пристигнатите податоци од 99,92 % од избирачките места, до 15 часот излезноста на гласачите изнесува 28,97 %.

До 15 часот поднесени се 8  приговора за заштита на личното избирачко право. Истите  се прифатени.