Македонија
23. July 2017 - 18:15

До крајот на денов невреме во Македонија, еве каде ќе има врнежи и грмежи

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:  39 Скопје, 38 Скопје Петровец, Штип, Виница, 37 Тетово, Д. Капија, 36 Битола, Прилеп, Гевгелија, 35 Тополчани, Охрид, Кр. Паланка, Струмица, 33 Ѓуриште, Претор, 32 Берово, 31 Маврово, 30 Лазарополе.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од западен и јужен правец. Попладнево во крајните источни планински предели имаше изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. УВ= 9.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и јужен правец. Во крајните источни планински делови ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. УВ= 9.Во текот на ноќта времето ќе биде ведро со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од западен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево и многу топло, со мала до умерена локалне облачност и со умерен југозападен и јужен ветер.Попладне можна е локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ=9 Т-мин. од 14 до 22 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 33 до 40 степени.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и со умерен југозападен ветер.Температурите од 20 / 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Дневната температура ќе биде во благ пораст и во голем дел од земјава ќе надминува 35° С, а во јужните делови ќе достигне до 40° С. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9. И утре не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја. Од вторник се очекува промена на временската состојба, ќе има врнежи од дожд , кои на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните делови. Ќе дува умерен југозападен и јужен ветер, кој попладне на повеќе места ќе се засилува. Од среда до петок претпладне, времето ќе биде променливо и посвежо со локален дожд. Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опѓање, кое ќе продолжи и во среда и четврток и ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени. УВ индексотќе има вредност помеѓу 8 и 7.