До крајот на годинава нова седница на Совет за безбедност за аерозагадувањето
Претседателот на државата Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност најави дека до крајот на годинава ќе се организира дебата за аерозагадувањето, во присуство на сите членови на Советот за безбедност, плус други лица надвор од постојаниот состав, бидјеќи е неспорна релацијата, како што рече, меѓу аерозагадувањето и пандемијата.
– Ќе видиме што во тој момент можеме, некакви пофокусирани мерки и активности од страна на Владата да се адресира посебно тоа прашање, изјави Пендаровски.
Во однос на аерозагадувањето, министерот за здравство Венко Филипче наведувајќи дека опозицијата протестира против лошо менаџирање на пандемијата без маски и против загадувањето со возила, нагласи дека оваа Влада направи нешто што ниту една друга досега не направила.
– Огромна инвестиција за чист воздух, клима инвертори, во гасификацијата на здравствените објекти, и мислам дека и со конкретни чекори покажавме како го третираме тој проблем. Точно е дека има публикации кои укажуваат на тоа дека ПМ10 честичките овозможуваат поголема трансмисија на вирусот и во таа смисла е препораката донесена вчера со измената на Законот за задолжително носење маски на отворено, насекаде, прво заради тоа што е битно секој да го штити своето здравјето, да се штити од настинки, заради тоа ни се многу битни болничките капацитети, изјави меѓу другото министерот Филипче.
Претседателот Пендаровски потсети дека лани првпат имавме на седница на Совет за безбедност дебата за аерозагадувањето.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација