Македонија
25. May 2020 - 16:56

До крајот на неделата лидерите мора да договорат датум за избори

Предлозите за август или септември се предлози воопшто да нема избори, вели лидерот на СДСМ во интервју за МКД.МК. Заев потенцира дека власта е подготвена за компромис кој теоретски може да се постигне до истекот на вонредната состојба, бидејќи на земајта и се неопходни функционални институции.

 Ние сме демократи и цениме дека изборите треба да се демократски натпревар меѓу власта и опозицијата. Оттука, ќе направиме сè што е потребно за да обезбедиме опозицијата да учествува. Немаме никаков проблем да разговараме со цел да постигнеме договор, но реков, нема да дозволиме да им се наштети на граѓаните ниту на државата преку непотребно одолжување, вели Заев.

Потенцира дека согласно законските одредби по завршување на вонредната состојба остануваат уште 20тина дена за изборна кампања, а позитивни одговори веќе испратиле и Комисијата за заразни болести  и набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Заев сепак признава дека оваа кампања нема да биде иста како сите претходни.

 Сите живееме во нова реалност. Ние имаме јасен став, НЕ за митинзи и масовни јавни собири. СДСМ нема да организира ваков тип собири, ниту каква било друга активност што може да биде ризик за здравјето. Ќе се потпреме на дигиталните комуникации, на медиумите и на теренска комуникација со граѓаните од физичка дистанца, со сите мерки на заштита. Институциите наши имаат капацитет, изборите и кампањата ќе бидат 100% сигурни, здравјето на граѓаните ќе биде заштитено.

Заев а зине, а излаже, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Го повикуваме да објави каде точно СЗО најавува нов бран на коронавирусот во август. Граѓаните се веќе навикнати на неговите лаги посебно кога станува збор за негови лични ветувања или објаснувања, но овој пат оди до таму да почнува да лаже што некој друг рекол. Граѓаните се свесни дека на Заев и СДСМ не им е грижа за нивното здравје и уште од првиот момент кога започна кризата Владата води политика наместо грижа за здравјето на граѓаните.

Ваквото скандалозно однесување на СДСМ кое води кампања среде пандемија на смртносен вирус ќе биде казнето. СДСМ оди во опозиција, а Заев заминува во политичка пензија се вели ви писмената реакција на опозицијата.