Loading Video...
Бизнис
5. April 2021 - 21:19

До крајот на неделава се очекува да се откочи работата на Собранието

Почнува деблокадата на Собранието. Партиски извори од опозицијата брифираат дека до крајот на оваа недела ВМРО ДПМНЕ ќе ги повлече сите амндмани на законот за државјанство. Целта на овој потег е да се забрза процесот на носење на петтиот пакет мерки кој е неопходен за стопанството. ВMРО ДПМНЕ очекува дека по нивниот потег, Алијанса и Алтернатива ќе ги повлечат своите амандмани за економските мерки.

Со ова опозицијата ја префрла одговорноста на власта да обезбеди пари за да ги исплати мерките предвидени со послендиот пакет мерки. Но, според извори од партијата, тоа ќе биде проблем затоа што во буџетот нема пари. Анализите покажале дека дупката во државата каса во првите три месеци од оваа година се движи меѓу 110 и 115 милиони евра и најверојатно ќе биде потребна нова обврзница за да се обезбедат пари за поддршка на компаниите. Според пресметките, задолжувањето во овој квратал било високо и секое семејство во змејава должи нови 220 евра.

Министерот за финансии неодамна изјави дека буџетот е во добра кондиција. „Наплатата на приходите во Буџетот од почетокот на годината е подобра и во однос на преткризниот период минатата година. Од почетокот на годинава заклучно со средината на март е повисока за 3,1% во однос на истиот период минатата година, додека наплатата на даночните приходите е повисока за 4,2%“.