Loading Video...
Кошарка
10. April 2020 - 13:28

Добра вест за МЗТ Скопје Аеродром – можно проширување на АБА лигата

 
 
Потпретседателот на регионалната АБА лига, Ѓорѓије Павичевиќ најавува можност за проширување на прволигашката конкуренција во ова натпреварување. 
 
Како што пренесуваат српските медиуми, Павичевиќ сепак истакнува дека засега на раководството му се „врзани рацете„ за било каква одлука, особено што главен проблем е пролонгирањето на натпреварите во Евролигата, со оглед на тоа дека шампионот на АБА лигата обезбедува пласман во елитото натпреварување, па неизвесно е резугрувањето за титулата. 
 
„Да не беше Евролигата, ние пред 20 дена ќе го завршевме натпреварувањето“ изјавил Павичевиќ. 
 
Тој воедно најавува дека големи се шансите за проширување на прволигашката конкуренција, на која атакува и македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром кој веќе упати официјално барање и тоа и по принцип на „национална застапеност“. 
 
 „Големи се шансите АБА-лигата следната сезона да се прошири на 14 клубови. Размислуваме за плејоф или фајналфор на првите четири екипи, бидејќи сите знаеме колкав е влогот за наредната сезона“, истакна Павичевиќ.
 
Инаку македонскиот првак МЗТ Скопје А. кој во лигашкиот дел на АБА2 заврши на третото место, зад Борац Чачак и зад Сплит, во полуфиналето треба да игра против црногорската екипа Сутјеска.