-->
-->
Додека светот зборува за тероризам, во Бразил се случува голема еколошка катастрофа
-->
Пред 22 дена, во југоисточниот дел на Бразил пукна брана која ги задржува отпадните води од рудниците за железо и предизвика истекување на минералниот отпад...
Токсичното цунами, тогаш потона цело село, а загинаа најмалку 17 луѓе.
Сцените од Бента Родригес се застрашувачки, црвената кал го покри цело село и уништи се што може да се уништи.
Сепак светските медиуми по еден ден престанаа да ги следат настаните во Бразил и се префрлија на драмата во Париз, Сирија, Анкара и Москва. Веста за црвената кал мина незабележано,иако веќе стигна до Рио Доче, една од најважните реки во Бразил која се влева во Атлантскиот Океан.
Стотици илјади луѓе кои живееле покрај реката се помириле со судбината дека ќе мораат да заминат од своите домови поради смрдливата и токсична кал, затоа што ќе треба долг период додека водата повторно биде безбедна за пиење и наводнување.
Како што стојат работите, истата судбина може да ги стигне и луѓето кои живеат покрај атлантскиот брег. Овие луѓе живеат од риболов и туризам, а доколку не се случи некое чудо се ќе исчезне преку ноќ.
- Ова некогаш беше чиста и бистра река. Погледнете ја сега, кафена и црвена. Се е уништено, - низ солзи изјавил еден локален жител.
Според научниците, доколку талогот стигне до океанот ќе има вистинска еколошка катастрофа, една од најголемите во историјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.