Македонија
8. јуни 2016 - 13:37

Доделени МАСИТ ИКТ наградите за 2016

Решението Claxi  на компанијата „Брансис“ од категоријата „Извонредни мобилни решенија“  го освои првото место на овогодишните „МАСИТ ИKТ награди’  што Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) ги доделува за исклучителни достигнувања во информатичката технологија.

Како што соопшти денеска МАСИТ,  покрај Claxi на „Брансис“, во првитепет пласирани решенија се Fueloyal на „4 Виртус“, Системи имплементирани во возилата на ЈСП Скопје на „Македонски Телеком“, Решението за јавни набавки на „Горд системи“ и Решението за интероперабилност на „Македонски Телеком)“.

Тие решенија МАСИТ ќе ги номинира на овогодинешните WITSA - Global ICT Excellence Awards, кои ќе се одржат на 4 октомври годинава во Бразилија, Бразил