Македонија
13. јуни 2016 - 18:44

Доделени специјалните награди од Флукс галерија

Инсталацијата „Templum Aeternum" изработена од архитектите Христина Секулоска и Ирена Милојеска и делото „Solar System" на авторката Тамара Забазноска се добитници на специјалните награди за најдобрите остварувања на галеријата Флукс во соработка со интернационалниот саем за современа уметност „Паратисима Скопје“.

Авторите ќе бидат наградени со две самостојни изложби во продажно-изложбената галерија Флукс.