Македонија
14. October 2015 - 8:32

Доделување сертификати на сопственици на микро и мали бизниси

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, ќе додели сертификати на 117 сопственици на микро и мали бизниси кои успешно ги завршија претприемачките програми на Проектот.

Пред присутните ќе се обратат Џејмс Стајн, директор на мисијата на УСАИД во Македонија,  Катарина Штокер, заменик-шеф на мисија, Амбасада на Швајцарија и Јован Маџовски, директор на Проектот.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој почна со работа во јули 2011 година, ги поддржува микро и малите бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на Проектот се имплементирани преку ЦЕЕД Македонија, кој е една од институциите во наследство на УСАИД.