Договор за соработка меѓу поштите на Македонија и Косово
Поштенските управи на Македонска пошта и Пошта Косово денеска потпишаа Договор за соработка во поштенскиот сообраќај и Договор за издавање на заедничка поштенска марка на тема „Планински туризам“.
- Потпишувањето на овој Меморандум за соработка помеѓу нашите две поштенски управи нека претставува нов импулс за идна посеопфатна и продлабочена соработка. Секојдневно, ние поштенските управи, се соочуваме со нови предизвици, а одржливиот развој стана суштински елемент за поштенскиот развој. Тоа придонесува за подобрување на односите со корисниците, развој на нови пазари, унапредување на личниот развој на вработените и подигање на свеста за социјални и еколошки прашања како општествено одговорни компании, истакна генералниот директор на Македонска пошта Фаадис Реџепи на церемонијата на потпишувањето.
Тој нагласи дека филателијата за двете поштенски управи може да претставува одраз на заедничка мисија за соработка и развој на нови филателистички производи со различни теми и мотиви.
- Поштенските марки претставуваат универзален јазик за комуникација. Пример за ова што го говорам е потпишувањето на денешната Спогодба за издавање на заедничка поштенска марка на тема „Планински туризам“, рече Реџепи.
Генералниот директор на Пошта Косово, Сејди Хоџа рече дека Македонска пошта и Пошта Косово се пример за соработка и за другите институции во двете држави.
- На овој начин ние практично ги покажавме нашите европски вредности на комуникација и взаемна соработка. Ова несомнено ќе продолжи и во иднина. Македонска пошта е една од првите во регионот која воспостави соработка со Пошта Косово. Ние нема да ја заборавиме ова поддршка, ќе создадеме можности нашите поштенски администраци да организират средби, семинари, и заеднички конференции со цел, размена на искуства, потенцира Хоџа.
Ново на Сител
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја