Македонија
25. October 2021 - 12:20

Дојран прогласи успешна туристичка сезона - Бројот на туристи двојно зголемен

И во услови на пандемија Дојран реализираше успешна туристичка сезона. Првичните анализи покажуваат дека ова лето во Дојран престојувале над 72 000 туристи кои оствариле преку 300.000 ноќевања или двојно повеќе во однос на лани. Најголемиот број од ноќевањата се реализирани втората половина на јули и во текот на месец август кога капацитетите биле 100 процентно % исполнети.

За разлика од лани кога поради затворените граници присуствуваа само домашни гости, годинава  со отварањето на границата од Страна на Грција во Дојран повторно се вратија и таканаречените транзит туристи, пред се српски државјани кои на пат кон јужниот сосед или пак враќање задолжително поминуваат по ден до два и во Дојран.

По завршувањето на сезоната била направена и анализа од која е констатирано дека поради зголемениот интерес за летување во овој туристички центар за следната сезона неопходно е да се отвораат нови или да се прошират постоечките плажи со цел да се одговори на потребите на туристи чиј број секоја година се зголемува.