Бизнис
10. February 2017 - 20:10

Долговите кон скопски Водовод ќе може да се платат на рати без камата

Долговите кон скопски Водовод ќе може да се платат на рати без камата. Граѓаните можат да ги склучат договорите во рок од 90 дена. Бројот на ратите ќе зависи од висината на долгот.

Социјално ранливите категории граѓани долговите ќе можат да ги платат на двојно повеќе рати, а приватните фирми на максимум шест. Олеснувањето не важи за државните претпријатија и за единиците на локланта самоуправа.

Во врска со реакциите на граѓаните кои добиле опомена за долг, иако им с еплатени сите сметки, од компанијата велат дека се работи за задоцнето плаќање.

Опомени за задоцнето плаќање ќе има и натаму. Целта е сметките да се плаќаат навреме, за компанијата да не мора да тужи и присилно да наплаќа.

Новата зградаа на водовод е речиси готова, најдоцна до почетоот на идниот месец врабптените ќе бидат сместени во неа.